(ВИДЕО)  Марија Шерифовиќ на роматика во Париз

 

Српската пејачка Марија Шерифовиќ на 11 ноември ќе ја промовира својата нова песна „ 11“, чија промоција симболично е најавена во 11 часот и 11 минути.

Пејачката долго време работела на оваа песна, чиј автор и текстописец е Бане Опачиќ, а аранжманот го направи Марио Пајиќ.

Дури 30 музичари била вклучени во снимањето на песната и спотот, кој се снимаше во Париз и во кој се појавуваат и актерите, Тијана Печенчиќ и Александар Вучковиќ.

Шерифовиќ изјавила дека романтичните стихови никому посебно не му ги наменила, но дека не можела да остане рамнодушна на оваа песна.

Scroll to Top