(Видео) Марко Кутлиќ, еден од најталентираните млади хрватски пејачи, има нова песна и спот

Марко Кутлиќ, еден од најталентираните хрватски пејачи од поновата генерација, има нова песна. Темата е со наслов „Со неа“, за која направи и спот во кој вели: „Како и во животот ѝ трчам во прегратка.“ Не е тајна дека тој неодамна почнал да се занимава со музика поради Тоше Проески чии песни го воодушевуваат .
Марко е еден од најдобрите гласови на помладата генерација музичари во Хрватска  и овој пат реши на сцената да се појави со малку пожежок звук, поинаков од оној на кој е навикната неговата публика. „Со новата песната конечно дојдов до звукот што го барав“, вели Марко. Тој е кантавтор на песната, а во најава е и негов прв албум за слесдната година. Спотот го режираше Борис Секулиќ.

„Задоволен сум како излезе сè на крајот, како со песната и спотот, така и во животот. Треба да се биде човек во секоја ситуација и потребна е храброст да се застане зад секоја одлука, и тогаш кога не е лесно“, вели Марко.
Колку за потсетување, тој неодамна кај нас ја промовираше и песната „Биди моја ноќ“, а вели дека сака да ѝ се претстави на македонската публика затоа што од овде е неговиот пејачки идол и животен пример, Тоше Проески, а како омилена песна ја издвои  „Полско цвеќе“.
„Кога почнав да ги слушам неговите песни не можев да сфатам дека некој може да биде толку искрен и емотивен додека пее. Тој е сигурно еден од луѓето поради кои почнав да се занимавам со музика. Жал ми е што никогаш не добив шанса да запеам со него овде на Земјината топка“, рече Марко, кој патем никогаш не бил во Македонија, но  верува дека наскоро ќе го стори тоа поради омилениот пејач.

Scroll to Top