(Видео) Масовна тепачка на настапот на Анабела во Црна Гора

Пејачката Анабела Атијас преживеа драма на настапот во Бар пред два дена кога изби масовна тепачка. Среде настапот на Сава Перовиќ настана хаос, а социјалните мрежи се споделува видео од луѓе како бегаат во паника. Додека летале шишињ, пејачката побрзала да ја заштити ќерка ѝ (10) која прв пат беше со неа на настап.

„Прво го видов стампедото како доаѓа кон мене. Еден куп луѓе врескаа и бегаа. Прво што ми падна на ум е дека првпат ја носам ќерка ми на настап. Долго време сакаше да ме слуша, а досега тоа беше невозможно бидејќи пејам главно во клубови кои работат до доцна“, рече Анабела.

„Страв ми беше да не ѝ се случи нешто. За жал доживеа траума. Помеѓу нас имаше река луѓе кои врескаа и трчаа. Беше многу непријатно. Момците трчаа кон нас, а летаа и шишиња на сите страни. За среќа, никој не е повреден. Ќерка ми беше вознемирена ѝ ми падна жал кога ја прегрнав“, рече Анабела.

Scroll to Top