(Видео) Маж ја удри Марина Абрамовиќ со слика по глава

Познатата српска уметница на перформансот Марина Абрамовиќ беше удрена со слика по глава од еден маж во дворот на музејот „Палацо Строци“ во Фиренца. Директорот на институцијата Артуро Галансино наведе дека Абрамовиќ не била повредена.
Италијанските медиуми наведуваат дека сликата, со дрвена рамка, е портрет и дека ја насликал напаѓачот.
Италијанскиот весник „Коријера дела сера“ пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати се појавувал гол во јавноста во Фиренца во изминатитегодини, а еднаш лежел гол на лажни долари. Полицијата покренала истрага за овој инцидент.

Scroll to Top