(Видео) Милена Дравиќ го посети гробот на својот сопруг Драган Николиќ

Денска навршуваат две години од смртта на великанот на југословенската глума Драган Николиќ, кој е погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Иако Милена Дравиќ минатата година поради болест не успеа да го посети гробот на својот сопруг, оваа година стигна да оддаде двегодишен помен на својот сопруг, а тоа го направија и неговите најблиски пријатели и членови на семејството.

Рано утрото, на гробот на актерот беа оставени две црвени ружи.

Милена Дравиќ, заедно со семејството и пријателите оддаде почест на нејзиниот сопруг на Новите гробишта во Белград.

Култниот актер за кого и денеска жали цела поранешна Југославија, почина точно пред две години на 73 годишна возраст, по долгата и тешка болест. Со Милена Дравиќ мина цели 45 години од животот.

Видеото погледнете го на следниот линк:

Scroll to Top