Како што најави, Милица Павловиќ ја израдува публиката со сјаен високобуџетен спот за новиот сингл „Опериран од љубов“, кој го промовираше синоќа во еден белградски хотел.
![](https://xdn.tf.rs/2017/07/27/milica1-830x0.jpg)
Фановите со нетрпение чекаа да спотот ја види светлината на денот, а Милица во него блесна како и секогаш во секси издание.
Песната, според мислење на многумина, е вистинско изненадување, бидејќи малку се разликува од вообичаениот жанр на пејачката.
Спотот е сниман на Петровардина, музиката и аранжманот ги работеше прочуениот грчки композитор Фивос, кој за потребите на снимањето престојуваше во Белград, додека текстот го напиша Марина Туцаковиќ.
![](https://xdn.tf.rs/2017/07/27/milica4-830x0.jpg)
Да се потсетиме, Милица овој спот го подари на публиката во знак на благодарност за тоа што нејзиниот последен албум брои повеќе од 200 милиони прегледи на Јутјуб, а за него издвои околу 50.000 евра.
Погледнете и конечно како изгледа овој проект на коој таа е многу горда: