Српската пејачка Милица Тодоровиќ ја претстави новата песната Show program. Во спотот таа е облечена како ѓавол, а во него се појавуваат тројца момци со маски.
На промоцијата на нејзиниот нов хит присуствуваа нејзините колеги, семејството, но и дечкото Милош Пановиќ.
Публиката нема можност често да ги гледа во јавност двајцата, но овој пат можеше да се забележи нивното расположение пред новинарите. Милица стави до знаење дека во нивниот однос нема криза.
Пејачката изјавила дека Милош вложил многу труд за на крајот сѐ да излезе како што треба. Таа му била неизмерно благодарна поради пожртвуваноста што тој ја покажува кога станува збор за неа.