(ВИДЕО) Мирко објави застрашувачка снимка, па мајка му Гоца упати потресна порака

Српската пејачка на синот му стави до знаење дека нема сила повеќе да биде сведок на неговите постапки.Познато е дека Мирко Шијан е момче кое не бега од никакви авантури, па дури ни од оние кои можат да бидат ризични по неговиот живот.

Овој пат, објави снимка како стои на карпа, а потоа заедно со телефонот во рацете, скока во реката од прилично голема висина!

 

На снимката не остана рамнодушна неговата мајка Гоца Божиновска, која на синот му напиша порака која ги потресе оние кои ја следеа Мирка на Инстаграм.

„Јас те молам тоа да не ми го правиш повеќе, јас тоа не можам да го гледам“, напиша Гоца, по што следеа бројни одговори во кои луѓето и говореле дека нејзиниот син има срце како на татко му, покојниот Зоран Шијан.

Погледнете ја снимката:

 

A post shared by Miroslav Šijan (@mirkosijan) on

Scroll to Top