(Видео) На коњ јава Александар Македонски, коски крши Гоце Седловски: хрватска песна за Македонија е хит во регионот

Хрватскиот музичар Мики Солус ја промовираше својата нова песна ,,У македонском ресторану”,и само за неколку дена ја освои домашната публика, а видео спотот се споделува на социјалните мрежи. Музиката и текстот се на Солус, кој исто така го режираше и спотот. Песната започнува со Александар Македонски, па потоа се спомнуваат Гоце Седлоски кој крши коски, Тоше Проески, Адеми, Мајка Тереза, Горан Пандев, Кирил и Методиј, Кирил Џајковски, Есма, Калиопи, Влатко Стефановски…

Во рефренот се спомнува атмосферата во македонски ресторан, каде пејачка со ботокс пее турбо фолк, се јадат сарми и тавче гравче.

Песната и видеото се духовити и тоа е стил кој е карактеристичен за Солус. Тој е присутен на хрватската естрада околу десет години и заед себе има повеќе авторски албуми, а компонира и театарска музика.

Scroll to Top