(Видео) Не сум спремна за деца: Анастасија проговори за разделбата со Ѓорѓе

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ неодамна раскина со Ѓорѓе Куљиќ со кого беше долго во врска. Таа во емисијата на Огнен Амиџиќ вчера проговори првпат за разделбата.

„Ние пријателски се разделивме. Немаше никава злоба. Му посакувам сѐ најдобро, а и мене ме чека некоја среќа. За смирување? Не знам, никогаш не викај никогаш, којзнае што може да се случи. Сите мислеа дека ние ќе се венчаме, затоа луѓето се изненадија од веста дека сме раскинале“, вели Анастасија.

И додаде: Сфативме дека е подобро да ставиме точка на нашата романса. Искрено, ме притискаа многу, па и медиумите со прашања: „Кога ќе биде венчавката. Сфатив дека јас не сум подготвена за деца, особено откако се роди синот на Вељко. Треба од многу работи да се откажам, тоа е голема одговорност“, рече Анастасија. И додава: Сега сум во фазонот – не ми треба никој, само да бидам малку сама, да се посветам на кариерата

Scroll to Top