(Видео) Неда Украден со шампањ и торта го прослави 71 роденден

Пејачката Неда Украден во моментов е во Црна Гора каде заедно со пријателите и семејството го прослави 71 роденден. Таа објави видео со внуците како ги дуваат свеќите од тортата.

„Сакам да се заблагодарам за сите убави работи кои ми се случија во животот. Наздравувам со сите на овој мој ден“, напиша таа.

 

Нејзините пријатели и обожаватели на социјалните мрежи и посакаа сè најдобро за роденденот. Сите коментираат дека не можат да се изначудат колку добро изгледа, иако веќе ја започна осмата деценија од животот.

Поради својот изглед, таа веќе го доби надимакот за најсекси баба на Балканот. Нејзините обожаватели многупати се согласиле дека на нејзиниот изглед можат да и позавидат голем број од нејзините помлади колешки.

„Фигурата ти е одлична со оглед на годините. Недо, преубава си. Секоја чест за изгледот, како девојка си“, и напишале некои од фановите.

„Ако некој ми речеше кога ја почнував кариерата дека ќе ги дочекам овие години во здравје, добра кондиција и дека уште ќе настапувам, немаше да му поверувам. Но, јас сум си себе си најголемиот демант на моите заблуди во младоста и староста. Ако имаш добри темели, самосвест, енергија, љубов и семејство, проблемите и несреќите не мораат да бидат причина за да се откажете од животот“, изјави Неда минатата година за нејзиниот седумдесети роденден.

Scroll to Top