(Видео) Никој не пцуеше повеќе од Иванишевиќ, затоа е мртов ладен на испадите на Ноле

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е често напаѓан од страна на јавноста поради неговото однесување на теренот, а често знае бесот да го истури на својот тренер Горан Иванишевиќ.  Иако имаше реакции, сепак оние кои пратат тенис, знаат дека Иванишевиќ кога беше играч не беше ништо поразличен од Ѓоковиќ. Всушност, и денес се актуелни видеата каде Иванишевиќ пцуе, не само на теренот, туку и на прес конференциите и на дочекот во Сплит.

Легендарното објаснување на Иванишевиќ за поразот и неуспехот на УС Опен беше на пресот по загубениот меч.

„Во последно време, да го ебам, во последно време не сум добро… Играм, само за џабе, к*р. Тоа е тенисот, ми се враќа сервисот, форхенд и после доаѓа бомба, у пичку матер…“, раскажа тогаш Иванишевиќ.

Уште полегендарна е изјавата на дочекот во Сплит по освојување на Гренд слем турнирот во Вимблдон во 2001 година. Тогаш Горан рече: Ние сме најлуд град, само Сплит може да направи ваков дочек. Да не сум од Сплит, би бил к*р од овца“, рече Иванишевиќ.

Поранешната хрватска тениска ѕвезда вели дека не му се лути на Новак Ѓоковиќ, затоа што и тој бил играч. Иако Ноле за момент ги загуби нервите во текот на вториот сет на Австралија опен, во финалето го победи Циципас со максимални 3-0 во сетови, сепак имаше ситуации кога упатуваше навредливи зборови кон својот тренер.

„Нормално дека не му се лутам. И самиот сум бил тенисер, знам колку може да се стане нервозен во даден момент кога си на терен, потребен ти е вентил за да го тргнеш бесот од себе. Знам дека не го мисли она што го кажува, а јас му имам речено: Ако веќе ме пцуеш, мораш да победиш“, прокоментира Иванишевиќ.

За пцовките коментар даде и Ѓоковиќ.

„Знам дека некогаш им е тешко на луѓето во ложата поради моите реакции кон нив. Разговараме на таа тема и знаат дека не е ништо лично, туку само начин да го истурам бесот. Да бидам искрен, ако јас седам и некој ми го вика она што јас им го префрлам, не би можел да седам мирен“, рече тенисерот.

Scroll to Top