Во неделата, Никола Јокиќ уживаше во триумфот на неговиот коњ Арагорн на традиционалната трка во Србобран.
Иако е ѕвезда на НБА лигата и еден од најдобрите кошаркари во светот, Јокиќ, на свој карактеристичен начин, дојде на трката без гламур и помпезност.
Камерите на телевизијата Арена Спорт го фатија како се потпира на оградата, пие пиво, а потоа воодушевено ја слави победата на Арагорн.
Победата му донесе парична награда во износ од 44.000 динари. Јокиќ има договор со Денвер Нагетс вреден 235 милиони евра.
Според впечатоците на присутните, Јокиќ бил понервозен на хиподромот отколку што вообичаено може да се види за време на НБА натпреварите.