(Видео) Нина Бадриќ запеа на одморот во Тајланд, па се пошегува на своја сметка

Нина Бадриќ на Инстаграм се пофали дека ужива на тајландскиот остров Кох Самуи, а сега со своите следбеници сподели момент од одморот.

Пејачката објави видео на кое ја пее хит песната на Алиша Кис од 2003 година „If I Ain’t Got You“ пред публика во одморалиштето.

„Денеска исполнувам желби“, се пошегува Нина.

Таа доби бројни пораки од обожавателите. „Кога уживаш во работата и одморот“, „Браво, Нина! Тие не знаат дека имаат вистинска ѕвезда“.

Scroll to Top