(Видео) Ниту изненадувањето од илјадници фанови не ја расположи Карлеуша за роденденот

Српската пејачка Јелена Карлеуша со настап во Врњачка Бања вчера го дочека својот 41. роденден. Точно на полноќ, неколку илјадници фанови на Карлеуша почнаа да ѝ пеат „Среќен роденден“ во дискотеката каде што настапуваше, а таа се расплака и ја наведна главата надолу. По ова, организаторите на концертот на сцената ѝ донесоа торта, а пејачката им се заблагодари на сите за поддршката.

Инаку, пејачката уште вчера најави дека ќе го дочека роденденот на настап, и дека ова е најтажниот роденден во нејзиниот живот, бидејќи е прв без нејзината мајка Дивна, која почина годинава во март. „Да ти го еб*м роденденот“, напиша таа пред настапот.

Scroll to Top