(Видео) Ноле им држи часови на децата во маало додека си го шета кучето

By

На „Твитер“ деновиве се споделува видео на кое српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му покажува на дете на улица среде Белград како правилно да го држи рекетот. Наводно, тенисерот го шетал своето куче на улиците во градот кога наишол на група деца, а едното од нив имало тениски рекет. Новак му го побара рекетот па му покажа  како правилно да го држи и како да замавне.

„Ретко ќе го видите најдобриот светски тенисер да им држи часови на децата во соседството додека си го шета кучето. Новак е вистинска класа, и на теренот и надвор од него“, стои во описот на видеото.

Ќе ви се допадне