Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена се снимија додека уживаа во музиката на хрватскиот пејач Оливер Драгоевиќ.
Светскиот тенисер не крие колку ја сака музиката на неодамна починатиот музичар. Брачната двојка синоќа ја пееше „Трага во бескрај“.
„По долгиот и успешен ден, нема подобар начин за опуштање и малку пеење со мојата сакана. Не сме најдобри во пеењето, но се обидуваме да се забавуваме. Ова е една од нашите најдраги песни. Со секоја песна на Оливер што ја пееме, оставаме трага во бесконечноста“, напиша Новак под објавената снимка.
Многубројните обожаватели на тенисерот во коментарите му порачаа дека направил добра одлука што избрал да игра тенис наместо да се занимава со пеење.