(Видео) Новак на одмор во Хрватска пее хит од Оливер Драгојевиќ

Откако го освои Вимблдон, Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена и децата летува на островот Корчула во Хрватска. Српскиот тенисер веќе објави неколку слики и видеа од одморот, а на „Твитер“ сподели и снимка на која заедно со Јелена го пеат хитот од Оливер Драгојевиќ, „Кад ми доџеш ти“. Освен што откри дека ужива во одморот, напиша и дека подобро му оди тенисот отколку пеењето.

Не е првпат Новак да летува во Хрватска. Тој неодамна изјави дека за него хрватското приморје е најубаво на цел свет.

Новак летува на Корчула: Хрватското крајбрежје е најубаво на цел свет

Scroll to Top