(Видео)Новата песна на Дино Мерлин „Ми“ ги сруши сите рекорди на слушаност

Регионалната поп-ѕвезда Дино Мерлин го објави првиот сингл „Ми“ од новиот албум, кој всушнот е и дванаесетти студиски албум на овој кантавтор, но прв по „Хотел Национал“ од 2014 година.

За само 24 часа, песната собра повеќе од милион прегледи и е прва во тренд на Јутјуб.


Како што рече Дино Медлин претходно, песната „Ние“ најавува ново време, време во кое треба да бидеме „Ние“ повеќе од било кога, затоа што само на овој начин можеме да ги надминеме неволјите што ни ги носи животот. Музиката за текстот на песната се на Дино Мерлин и Махир Битхаус, додека аранжманот го направиле Озан Бајраша и Адис Сирбубало.

Scroll to Top