(Видео) Новогодишна бајка во домот на Цеца

Српската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ со нејзината ќерка Анастасија сними празнично видео за порталот „Блиц“. Тие позираа пред елката во својот дом и ги покажаа раскоѓните декорации и богатоукрасената елка.

„Во мојот дом почна празничното расположение. Се е украсено, јас се спремам да ја испратам годината што си оди и да ја дочекам новата. Оваа 2018 ми беше совршена, а се надевам дека и следната ќе биде таква“, напиша Цеца покрај видеото и откри дека следната година ќе го промовира новиот албум.

Scroll to Top