Видео од Дарко Лазиќ во болницата

Српските медиуми стигнаа до првите фотографии и видеа од болницата каде што пејачот беше сместен по тешката сообраќајка што ја доживеа на 23 октомври.

Лекарите го разбудија Дарко од вештачка кома во која беше до скоро, а велат дека неговата здравствена состојба е подобрена.

„Здравјето на Дарко се подобрува. Тој комуницира со сите околу себе. И со лекарите, со медицинските сестри и семејството. Слушнав кога медицинската сестра му го местеше креветот, го праша дали може да ја помести раката. Тој ѝ одговори дека може. Лекарите не дозволуваат преголема комуникација со него за да не се оптовари премногу“, вели извор од лекарскиот тим.

Пејачот по тешката сообраќајна незгода беше итно примен во болницата „Земун“ во Белград, а со денови беше во критична состојба. Дарко имал операција по што му беше извадена слезината, а неговата здравствена состојба, според медиумите, се подобрува.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

Scroll to Top