Секс сцената меѓу актерот Милан Мариќ, познат по улогата на Тома во истоимениот филм и неговиот колега Милош Тимотијевиќ се појави на порно веб-страница.
Популарните актери пред десет години го снимија краткиот филм „Наредник“ во режија на Никола Љуца, во кој имаат геј сцена, голи на кревет и водат љубов. Ова видео сега заврши на сајт за возрасни, а Мариќ го коментираше неговото објавување.
„Малку е морбидно што видеото се појави на веб-страници за возрасни, но што да правам?! – Јас и Милош тогаш се запознавме и тоа беше нашата прва соработка. Бевме малку нервозни додека го снимавме, но на крајот се помина одлично. Тие сцени се многу специфични, но тоа е дел од нашата работа и правевме се како професионалци“, изјавил Мариќ.