(Видео) Охриѓанец пламна од возбуда кога Карлеуша му седна во скут среде настап

Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша викендов пееше во преполна дискотека во Охрид. Па среде настап таа викна маж од публиката на сцена, и додека ја пееше „Иде маца поред тебе“ го расоблече, па му седна во скут. Видеото и сликите од настапот на Јелена се споделуваа и на социјалните мрежи.

„Охриѓанецов пламна од возбуда“, „Не е мала работа Карлеуша во скут да ти седне“, се шегуваа на „Твитер“.

https://www.instagram.com/p/CEyYBaJhqzV/?utm_source=ig_embed

Настапот во Охрид беше прв пред публика на пејачката, откако поради короната ги откажа сите настапи од март до сега. Јелена во Македонија дојде со приватен авион неколку часа пред настапот, а си замина следниот ден и се пофали дека на враќање била ко-пилот во авионот.

Scroll to Top