Пеејќи ја песната „Бато“ од Калиопи 5-годишниот Љуба Станковиќ победи во четвртата сезона на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“. Тој во финалето, што се одржа вчеравечер во Белград, пееше против Дражен Бековиќ. Дражен, пак, ја пееше „Зајди зајди“ во големото финале.
„Имавме навистина тежок избор. На крајот одлучуваа нијанси, гледавме се што направија децата во текот на целата сезона и на крајот подобар беше Љуба. Му честитам на победата, мислам дека го чека голема кариера ако реши да се занимава со музика“, рече за „Репортер“ по финалето Јелена Томашевиќ, еден од членовите на жирито.
Љуба беше еден од фаворитите и на публиката и на жирито од самиот почеток. Тој пред секој настап добиваше голема јавна поддршка од Саша Ковачевиќ. Неговото пеење ѝ се допадна и на хрватската ѕвезда Северина, па тој е гостин во нејзината најнова песна „Туториал“.
(A.J)