(Видео) Пинковите ѕвездички воодушевија со своите настапи на сцената

Најталентираните деца во регионот во втората емисија од седмиот круг на „Пинкови ѕвездички“ приредија вистински спектакл на големата сцена.

Петгодишниот Љуба Станковиќ ги растопи срцата на публиката на Балканот со настапот на песната „Леѓа о леѓа“ на Жељко Јоксимовиќ.

Поради својот изглед, однесувањето на сцената и неоспорниот талент и интерпретација на оваа песна, целата публика беше на нозе, а Јелена Томашевиќ не можеше да одолее на настапот и го снимила.

Голем дел од публиката емотивно ја доживеа интерпретацијата на Теодора Марковиќ со песната „Бакни ме“, која во оригинал ја има изведено Нина Бадриќ. Нејзиното изведување на оваа песна ги остави сите присутни без зборови, а Гоца Тржан не можеше да ги скрие солзите.

„Суштината на пеењето е тоа што ти вечерва го направи. Да ни ја пренесеш својата импресија по делото на својот или туѓ живот низ песна“, изјавила Гоца.

Огњен Репановиќ е познат по енергичните настапи и уште еднаш ја подигна атмосферата до врвно ниво со изведбата на дуетската песна „Тимбер“ од Кеш и раперот Питбул. Неговиот настап беше инспирација за Сергеј Ќетковиќ, кој и самиот се обиде да рапува во својот коментар.

 

„Слушај сега што ќе ти кажам, ќе бидам многу искрен и нема да те лажам, не знам што си јадел и не знам што си пиел, но, брате, ноќва ти одличен беше“, коментирал Сергеј.

Селма Бериша ја отпеа песната „Јас правам сè“ од Тања Бањанин и успеа да ги изненади сите со својот избор. Сепак, вистинското изненадување допрва следуваше.

Целосно неочекувано, Валерија Воикова направи пресврт во ова натпреварување и ги остави сите без текст со изведувањето на песната на Лара Фабијан „Адагио“ по што целото жири стана и ѝ даде целосно признание со аплауз и овации.

Покрај овој настап, гледајте ги и настапите на Томислав Божовиќ, Маша Танасковиќ, Ања Спасиќ, Емилија Митровиќ, Реље Ќетковиќ, Лука Утвиќ, Теодора (Тара) Стојановиќ и Мија Мустафа.

 

Scroll to Top