(Видео) „Почнав да пеам поради Тоше Проески“: Хрватскиот пејач Марко Кутлиќ има нова песна

Хрватскиот пејач Марко Кутлиќ, кој важи за еден од најталентираните млади музичари во земјата, има нова песна, „Буди моја ноќ“. Песната ја направи самиот во соработка со Вјекослава Димтер и Дамир Бачиќ. Марко,  вели дека пее одамна, но дека Тоше Проески бил една од причините зошто решил да се занимава со музика.

„Досега не сум бил во Македонија, но желбата постои одамна. Македонија најмногу ја засакав кога се запознав со работата и животот на Тоше Проески, кој е мојот најголем пејачки идол и животен пример. Кога почнав да ги слушам неговите песни не можев да сфатам дека некој може да биде толку искрен и емотивен додека пее. Тој е сигурно еден од луѓето поради кои почнав да се занимавам со музика. Жал ми е што никогаш не добив можност да запеам со него“, вели Марко.

Тој сними и спот за песната, во кој се појавува и младата режисерка и актерка Арија Ризвиќ, со која Марко неодамна победи на шоуто на ХРТ „Ѕвездите пеат“.

Scroll to Top