(ВИДЕО) Погледнете ја потресната средба меѓу Лепа Лукиќ и сопругата на Цуне

Кралицата на народната музика и Лепосава Гојковиќ, не можеа да ги задржат солзите во Кемената сала на радио Белград.

Српскиот пејач на народните песни „Предраг Цуне Гојковиќ почина на 21 јули на 85 годишна возраст, а неговиот погреб ќе биде одржан во 15 часот на Новите гробиште во Белград. Комеморацијата на легендарниот пејач почна во 12 часот во Камената сала Радио Белград, каде беа собрани колегите, пријателите и семејството на Цуне.

Иако сопругата на Цуне од почетокот на комемрацијата се воздржуваше да не заплаче, сепак на крајот не можеше да издржи, кога и пријде Лепа Лукиќ.

Штом се прегрнаа, Лепосава и Лепа почнаа да плачат, а сопругата на Цуна едвај успеа да се смири.

Видеото погледнете го на следниот линк:

Инаку Лепа со децении беше и повеќе од блиска со Цуне. Пријателството кое го имаа беше нераскинливо, а Лепа несебично го фалеше Цуне, велејќи дека тој ја учел да пее.

Меѓу собраните на комеморацијата се најдоа и Милутин Поповиќ Захар, Вера Матовиќ, Снежана Џуришиќ, Оливер Ковачевиќ, Гордана Стојичевиќ, Иван од групата „Легенди“, Радиша Урошевиќ, Бора Дугиќ, Екстра Нена и други.