(ВИДЕО) Половина милион прегледи на новото видео на Омер

Популарниот турски актер Бариш Ардуч, Омер од хит-серијата „Изнајмена љубов“, на својот официјален инстаграм-профил има повеќе од 4 милиони следбеници од Европа и Азија.

Бариш моментно е активно посветен на снимањето на новиот филм со Елцин Сангу, неговата партнерка од хит-серијата, односно Дефна. Тој деновиве на својот профил објави видео од зад камерите, кое стана вистински хит на социјалните мрежи и за само неколку часа имаше половина милион прегледи.

Бариш, освен боксување, покажа дека игра добро и кошарка. И во серијата „Изнајмена љубов“ имаше неколку сцени каде што тој игра баскет.

Scroll to Top