Познатиот турски актер Кенан Имирзалиоглу, познат на нашата публика како Езел од истоимената турска серија, стана татко. Неговата сопруга Синем Кобал се породи во приватната болница во Истамбул.Парот доби ќерка, а бебето се вика Лалин. Познатиот турски магазин “ Бирд“ на својот Инстаграм профил објави кратко видео од родителите кога си заминуваа од болницата. Кенан, во моментов, одвен сериите, е и водител на популарниот квиз “Кој сака да биде милионер“.
(Видео) Популарниот Езел стана татко
