(Видео) Пукна срамот во „Гранд“, водителите не знаеја кој е главен град на Црна Гора

Во квизот во рамки на емисијата „Гранд Специјал“, кој го водат Сања Кужет и Војо Недељковиќ, се случи невиден блам на водителите. На една од гледачките кои се вклучи во програмата во живо и беше поставено прашањето кој е главен град на Црна Гора?

Подгорица, Бар, Цетиње и Будва биле понудените одговори, а откако гледачката одговорила точно, Подгорица, во студиото настанала конфузија. Водителите Сања Кужет и Војо Недељковиќ биле збунети и делувале како да не знаат кој е главен град на Црна Гора. Сметале дека гледачката погрешила.

Сања со помош на „Гугл“ се обидела да дојде до точниот одговор, а Војо се обидел да ја поправи ситуацијата и во повеќе наврати го споменал Цетиње. Се чинело дека ни режијата не знаела како да се извлече од целата ситуација.

 

Scroll to Top