(Видео) Раста завитка џоинт во банкнота од 50 евра

Српскиот рапер Стефан Џуриќ Раста повторно ги изненади фановите со своите постапки јавно покажувајќи како консумира марихуана.

Музичарот во банкнота од 50 евра стави џоинт, а обожавателите под објавата напишаа дека сопругот на Ана Николиќ претерал во своите постапки.

Ова не е првпат Раста јавно да покаже како се подготвува да консумира марихуана. Тој не се ни крие ниту срами од своите постапки.

Неодамна во едно свое интервју изјави дека повеќе би сакал да ја види својата ќерка Тара со џоинт отколку со шише виски.

 

 

Scroll to Top