(Видео) Родителите на Дарко Лазиќ по недела дена агонија, конечно насмеани

Родителите на Дарко Лазиќ, по осум дена агонија поради неизвесноста со здравјето на нивниот син, конечно излегоа насмеани од болницата по добрите вести од докторите.

Здравствената состојба на Лазиќ, кој пред недела дена доживеа страшна несреќата на автопат кон Белград, конечно се подобрува. Пејачот се здоби со тешки повреди опасни по живот и беше подложен на неколку операции.

Таткото Милан, мајката Бранка, свршеницата Марина Гагиќ утринава стигнаа во болницата и, според пишувањата на медиумите, биле видно расположени.

„Сега ни е многу полесно“, изјавил таткото на Дарко.

Свршеницата Марина била исто така насмеана и видно расположена.

Од лекарскиот тим кој е задолжен да ја надгледува состојбата на Дарко велат дека во блиска иднина треба да се одлучи кога ќе му биде оперирана ногата на пејачот.

Scroll to Top