(Видео) Романтичен подарок од Швајни за роденденот на Ана

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ, за својот 33. роденден, доби романтичен подарок од својот сопруг, екс фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.

Поранешниот играч на Баерн Минхен и го честиташе роденденот на сопругата, објавувајќи видео на кое тој зборува на српски јазик.

На крајот на видеото, Швајнштајгер и покажа подарок од огромен букет на цвеќиња.

„Срце мое, ти посакувам сè најдобро. Среќен роденден. Те сакам најмногу! За тебе“, порача Бастијан во видеото кое ѝ го посвети на сопругата.

Scroll to Top