Сара Гигова имаше фантастчно издание во третата емисија во петиот круг на „Пинкови ѕвездички“, а првата песна која ја испеа беше „Од мене одвикни се“, која во оригинал ја извел членот на жирито, Милан Станковиќ.
Милан веднаш подигнал столицата за да и даде поддршка на малата Сара.
Сергеј Четковиќ сакал да направи шега за песната на Милан, па ја спуштил својата столица, а потоа сватил дека направил голема грешка, затоа што не можел повторно да го даде својот глас. Но, тој објасни што направил, па му простиле.
„Лудачка енергија, баш она што е потребно за оваа песна“, изјавил Милан.
На втората песна, на која имала и танчери, била „На крај“ која ја изведува Ета Џејмс, Сара малку го имала променето својот изглед, а жирито и ги даде сите пет гласови, па директно се пласирала во шестиот круг.
„Феноменална! Сето тоа што не ми се допадна во првата песна… можеби е до песната“, изјавил Сергеј Четковиќ и му намигнал на Милан, а потоа додал: „Се на се, феноменално, се беше за пет“, изјави Сергеј.
На неа одлично и стојат ваквите балади во кој има ваков распон. Таа е стандарно добра, подразбира дека ќе добие петка“, изјавил Милан.
.
„Слатка е вечерва, не ја препознав. Ја почитувам твојата желба да ни покажеш нешто друго од својата Дара, беше мангуп во првата, а прекрасна во втората. Го спои неспоивото“, одушевена била Јелена.