Ружица Вељковиќ е една од најпопуларните ријалити ѕвезди во Србија и пошироко, а своевремено победи и во „Парови“. И овој пат се најде во центарот на вниманието, благодарение на една фотка која ја објави на Инстаграм.
Во прашање е слика направена по тренингот, на која позира целата испотена по тренингот, и на која се гледа дека нема шминка.
„Напорни тренинзи, но се исплати“, напиша таа и ја објави фотката:
Сликата за два часа собра преку 1,5 илјади лајкови. Дали ви се допаѓа во вакво издание?
Доколку нешто пропуштивте, вака изгледа станов во кој живее некогашната победничка на „Парови“.