(Видео) Семејството и пријателите за последен пат се простија од Неда Арнериќ

Денеска глумицата Неда Арнериќ беше однесена на кремација во Новите гробишта во Белград. Семејството и пријателите за последен пат се простија од дивата на југословенската кинематографија. Од познатите беа Аница Добра, Мики Манојловиќ, Дубравко Јовановиќ, Бане Трифуновиќ.

Неда почина на 10 јануари во Белград. Комеморацијата беше одржана во четвртокот во Југословенската кинотека.

Телото на глумицата го најде брат ѝ Предраг, во нејзиниот стан во Белград. Таа претходно двапати се обидела да се самоубие, по што била хоспитализирана во Военомедицинската академија. Полицијата тврди дека овој пат кај нејзе не биле најдени траги на самоубиство.

Неда има играно преку стотина улоги и се најде на бројните насловни страни во весниците, а нејзиниот живот покрај бројните филмови, серии и претстави, го одбележа и љубовта.

Scroll to Top