Пејачот Сергеј Ќетковиќ има нова песна „Не долазиш“. Станува збор за љубовна балада која ќе биде дел од неговиот седми студиски албум „Кофер“, кој ќе излезе на есен. Музиката и текстот се на Сергеј, додека аранжманот е на Махир Сарихоџиќ.
„Ова е една од моите најдрагите песни од албумот ‘Кофер’, кој конечно ќе го објавам на крајот од годинава. Затоа и се одлучив песната да ја објавам сега и да ѝ ја претставам на публиката. Се надевам дека истата ќе ми донесе многу концерти и дружења“, рече Ќетковиќ.
„Оваа песна е посебна на многу начини и верувам дека многумина ќе се пронајдат во неа. Особено оние кои страдале за љубов, а сигурен сум дека наскоро секој човек имал такво искуство. Љубовта некогаш не си оди од нас, иако тоа можеби тоа го сакаме, а што ќе се случи ако таа бега од заборавот, ќе дознаете во оваа песна“, додаде Ќетковиќ.