51-годишниот српски актер Сергеј Трифуновиќ на Инстаграм објави видео од венчавката со неговата 24 години помлада избраничка Исидора Мијановиќ и покажа дел од атмосферата.
На видеото се гледа како Исидора фрла букет кон слободните девојки.
„Невестата како Дончиќ. На свадбата на Бане го фатив бидермаерот. Го надскокав Марчело кој немаше шанса во тој безмилосен дуел и всушност го кренав од обрачот“, напиша Трифуновиќ во описот на објавата.
Актерот на крајот на март ја запроси Исидора на нејзиниот роденден, а викендот се венчаа во црква. По тој повод приредија и ручек за семејството, додека во септември планираат голема свадба.
Инаку, Исидора режира спотови, пишуваат српските медиуми, а претходно била во врска со кошаркарот Нино Челебиќ. На Инстаграм ја следат повеќе од 12.000 луѓе, а таа ретко објавува фотографии со Сергеј.