Северина и Нина Бадриќ го отпеаја хитот „Пријателки“ заедно на роденденската забава на блиската другарка на Северина Андреа Чермак, а Северина ја сподели снимката на социјалните мрежи.
Таа испрати емотивна честитка до славеничката заедно со видеото, но и потсети на тажната приказна зад песната. Таа откри дека ја напишала „Пријателки“ пред повеќе од 30 години, откако дознала дека починала нејзината школска другарка, на која е посветена песната.
Видеото од нивниот заеднички настап предизвика бројни реакции, а многумина ја истакнаа посебната емоција што ја пренесоа Северина и Нина при изведувањето на оваа песна.






