(Видео) Северина на одмор: прескокнуваше оган и облечена скокна во морето

Северина објави видео од одморот во Врник каде моментално ужива со пријателите и синот.

„Низ оган и во вода…“, напиша таа покрај видеото на кое може да се види како си игра со децата од островот, трчајќи преку огнот и како облечена скока во водата.

„Толку е добро“, се слуша како вели пејачката на снимката додека си игра со оган.

„Најмладата душа“, „Вечно млада затоа што чува дете во себе“, „Како мало девојче“, „Жена што ги запре дваесеттите“, напишаа луѓето во коментарите.

Scroll to Top