Поп-пејачката Северина синоќа доживеа пех за време на концертот во Врњачка Бања. Додека играше на сцената, таа се сопна од звучникот и каблите и падна на бината.
Музичарите околу неа брзо и помогнаа да стане. Пејачката седна на звучникот, додека сите продолжија да играат. Забавата не прекина иако почна да врне.
За потсетување, српските медиуми пред концертот напишаа дека Северина побарала од телохранителите да ја заштитат од обожавателите, нешто кое таа подоцна го негираше.