(Видео) Северина продуцент на новата песна на Данијела Мартиновиќ

Хрватските пејачки Данијела Мартиновиќ и Северина се другарки од средношколските денови, па по години пријателство, тие конечно соработуваат и на музички план. Во прашање е баладата „Телефон“, која ја пее Мартиновиќ, а чиј музички продуцент е Северина. Музиката и текстот се на Драган Брајовиќ – Браја.

„Прекрасно е кога можеш да пееш песна што ќе те маѓепса на прва. Северина ми помогна да откријам нови работи за себе и од мене извлече многу емоции, ми постави високи цели и беше уверена дека можам да го дадам тоа што го замислила. Се надевам дека песната ќе ѝ се допадне на публиката, тоа е моќна балада каква што немам испеано претходно“, рече Данијела.

Scroll to Top