(Видео) Северина се расплака на концерт: „Најтешките битки ги водат најсилните“

Северина викендов одржа концерт во Цетиње по повод Денот на независноста на Црна Гора, а на Инстаграм објави неколку видеа од нејзиниот настап.

Посебно внимание привлече онаа снимка кога таа го пее својот хит посветен на нејзиното дете.

Публиката ја следеше пејачката со огромни овации и аплаузи кои траеја неколку минути, а потоа започна скандирањето „Севе, те сакаме“. Таа не можеше да ги сокрие емоциите и со солзи во очите ја поздрави публиката.

„Најтешките битки ги водат најсилните“, напиша таа во описот, а кога го испеа истиот стих на Црногорците им порача: „Вие најдобро го знаете тоа“.

Scroll to Top