Северина во финалето на „Суперстар“ ја изведе својата нова песна „Така ти е, сине мој“ посветена на нејзиниот син. Претходно изјави дека ја инспирирале студентите во Србија.
Пејачката појасни дека песната всушност претставува лекција која мајка му ја кажува на своето дете.
-Почнав да ја пишувам на почетокот на годината, за да ја „истресам“ тагата и гневот што ме обзеде по таа одлука на Врховниот суд, во која велат дека моето дете треба да биде одземено поради „процедурална грешка“. Тогаш ми изгледаше тажно, а тоа не ми помогна, па ја оставив настрана, изјави Северина.
Таа рече и дека неодамна и се вратила на песната, како и дека аранжманот бил променет и ја завршила „инспирирана од убавата и храбра младина во Србија, која се бори за правда и не сака да си ја продаде честа, а кои биле поддржани и од нивните студентски колеги во Хрватска“.