(Видео) Шерифовиќ му ја врати насмевката на ограбено девојче

Српската пејачка Марија Шерифовиќ објави видео од својата посета на Нов Белград во кое ја покажа својата хумана страна. Пејачката му ја врати насмевката на едно натажено девојче подарувајќи му 2.000 динари.

Шерифовиќ ѝ ги подари парите како надомест за нејзините украдени 650 динари. Претходно девојчето ѝ раскажало дека непознат сторител од нејзиниот ранец ѝ го украл џепарлакот.

Видеото што го споделила на „Инстаграм“ има и коментар во кое Шерифовиќ апелира дека треба сите првенствено да бидеме луѓе.

„Колку е тажно каде живееме. ОК, разбирам дека тоа се случува на секој чекор. Но, да му украдеш џепарлак на дете…“, напишала Шерифовиќ.

Scroll to Top