Холувудската ѕвезда Шерон Стоун и честаше роденден на Северина кој вчера наполни 51 година. Пејачката веста ја сподели на Инстаграм и го објави видеото во кое актерката и упатува најубави желби. Северина не криеше дека е среќна оти ѕвезда од калибар на Стоун и честита роденден па радоста едвај успеа да ја искаже со зборови. Посебно што актерката посака и да се запознаат.
„ Не знам како да кажам за Шерон Стоун, која ми го честиташе роденденот. Само уште Богородица да ми се појави…. Што да кажам, освен благодарам на една прекрасна, многу паметна (IQ 154) и силна жена, која е мајка, глумица, икона и идол на генерацијата. Меѓудругото, таа зборува и за нејзината борба за детето кое можеше да го види само еднаш месечно. Пресилна жена. Шерон Стоун живеј вечно “, вели Северина по честитката од актерката.
Шерон, кажа дека таа и Северина имаат заеднички пријател, кој и го овозможил ова изненадување на пејачката.