Пред неколку месеци српскиот пејач Аца Лукас најави дека син му Андреј ќе почне да се занимава со музика. Андреј, кој е син на Аца од првиот брак, долго време ја барал вистинската песна, па изборот паднал на Mia Bella. Oткога ја сними песната, веднаш изработи и видеоспот и на фан-страницата на својот татко промовира видеонајава од 20 секунди.
Многумина мислеа дека синот на Лукас ќе тргне по стапките на таткото, но Андреј избрал сосема поинаков стил на музика, слично на музиката што ја пее Раста. Сепак, го задржа уметничкото име што го прослави татко му и се претставува како Андреј Лукас.