Синот на фолк ѕвездата Лепа Брена, вплови во музичките води. Тој сними спот за песната „Втора лига“, а наскоро ќе почне и да настапува. Самиот Стефан се радува на својата музичка кариера и истакнува дека обожава да пее.
„Јас тоа сакам да го работам. Знаме дека секогаш ќе бидам од оние кои критикуваат, но тоа го работам од срце, гледам да уживам максимално во тоа и го користам секој момент“, изјави Стефан Живојиновиќ во интервју за српски Телеграф.
На прашањето, со кого радо би снимал дует, со Цеца или Карлеуша, Стефан имаше јасен одговор.
„И со едната и со другата. Двете се мегаѕвезди“, изјави синот на Брена.