(Видео) Синот на Синан Сакиќ заработи кривична заради палењето на семејната куќа

Синот на починатиот српски фолк појач Синан Сакиќ, Рашид Сакиќ, заработи кривична пријава заради палењето на семејната куќа, прнесува српски „Телеграф“. Кривичната пријава против Рашид ја поднела вдовицата на пејачот Сабина. Таа смета дека синот на фолк пејачот од неговиот прв брак, е сторителот на пожарот.

Изгорената куќа се води на името на ќерката на Синан, Џуклица, а таа веќе неколку пати го има пријавено Рашид во полиција, поради заканите кои ги добивала со нејзиното семејство веќе подолг период. Џуклица веќе некое време со сопругот и децата живее во Швајцарија.

Рашид веќе е правосилно осуден на 12 години затвор, поради убиство на Драгољуб Деспотовиќ, и обид за ликвидација на Радомир Лазиќ, на 22 мај. 2002 година, во Лозница. Синан додека беше жив, изјавил дека само еднаш бил да го посети во затвор.

„Не отидов да го посетам во болница, затоа што ми беше жал за него. Отидов само еднаш во затвор, но во болница никогаш не отидов да го посетам“, изјавил претходно Синан.

Рашид претходно беше примен во болница откако заработи тешки повреди во престрелка. На 29. јануари 2020 година тој побегнал од домашен притвор, во кој бил поради сторено разбојништво на 14 август 2019 година. За проблематичниот син на легендарниот фолк музичар, полицијата распиша потерница, но тој досега не е пронајден.

Видеото погледнете го на следниот линк:

 

 

Scroll to Top