(Видео) Сите имитации на Тоше Проески во ТЛЗП

Во досегашните четири сезони на регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ по еден натпреварувач добиваше задача да го имитира Тоше Проески.

Во првата сезона на шоуто Тоше го имитираше Алекса Јелиќ, кој ја пееше „Громови на душа“.

Во втората сезона во улогата на Тоше се појави Катарина Богичевиќ, а ја испеа „Соба за тага“.

Никола Роквиќ во третата сезона ја пееше „Тајно моја“.

Оваа, четврта сезона, Стеван Анѓелковиќ ја испеа „Игри без граници“ и предизвика многу солзи и лавина емоции кај жирито и кај публиката.

(А.Ј)

Scroll to Top